ЈП Билјанини Извори е подготвено за стартот на шампионатот од Првата македонска фудбалска лига, кој според календарот треба да стартува на 4 март.
– И покрај врнежите од снег и дожд, навреме ги презедовме сите неопходни активности за да го оспособиме градскиот стадион за одигрување на натпревари. Според нас дали треба да има одложување на стартот на шампионатите одговорот е секако НЕ, вели Иван Цветкоски од секторот односи со јавноста во ЈП Билјанини Извори.
– Денешниот изглед на градскиот стадион Билјанини Извори и покрај обилните врнежи е доказ дека стадионот ќе биде подготвен без разлика на лошите временски услови кои се предвидуваат за наредните неколку недели. Ние редовно ја следиме временската прогноза и според неа ги насочуваме нашите активности за што подобро да го заштитиме игралиштето, т.е. да го подготвиме за престојните натпревари на фудбалските екипи– заврши Цветкоски.
Во првото коло Охрид 2004 го пречекува тимот на Турново, додек второлигашот Охрид Лоте во второто второлигашко коло игра против Миравци
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com