Стан со површина од 24,70 квадратни метри што се наоѓа на приземје во станбена зграда во градот Крк, на истоимениот остров кај Хрватска, се продава со мебелот кој сега е во станот. Цената е 75.000 евра.

„Би доплатила 5.000 евра само да го нема мебелот“, „Веројатно поради телевизијата, цената е толку висока“, „Бев изненаден од цената – за олку малку квадратни метри“, „За тие пари треба да има и море“ – се само дел од стотиците коментари.
Инаку, растојанието од станот до морето е 550 метри.
OhridNews












