Кредитниот рејтинг на Македонија останува на нивото „ББ“ со стабилна перспектива, соопшти меѓународната рејтинг агенција „Стандард и Пурс“, пренесоа националните медиуми.
Како главни предности на македонската економија кои придонесуваат за оценката, се наведуваат макроекономската политика и условите за водење бизни, економскиот раст кој бил повисок од очекуваниот, добрата капитализација на банкарскиот сектор кој е профитабилен и е финансиран од домашните депозити .
„Стандард и Пурс“ понатаму смета дека политичката криза немала некое влијание врз растот кој бил 3,7 одсто од БДП и се должи на растот на извозот од слободните економски зони и јавните инвестиции.
Агенцијата предвидува дека темел за одржливиот раст на економијата во иднина ќе бидат новите соработки помеѓу странските инвестиции во ТИРЗ и домашните компании.
Од „Стандард и Пурс“ сметаат дека економската експанзија ако има поддршка од растот на извозот од странските компании во ТИРЗ и капиталните инвестиции на Владата ќе продолжи да расте.
Во врска со буџетскиот дефицит, од агенцијата додаваат дека тој лани бил помал од планираниот, сепак јавните финансии немаат ризик од кризата со бегалците.
Единствен ризик останува неизвесните политички случувања.
OhridNews