– Наша идеолошка и програмска цел е да останеме активен партнер во борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Тоа го правиме искрено, чесно и посветено. Од нас нема да слушнете нереални ветувања, како оние на опозицијата дека ќе вработат по еден од секое семејство. Од нас нема да видите неодговорен однос, туку напротив ВМРО-ДПМНЕ покажува со дела дека се грижи за унапредување на правата на работниците, рече Јанковска.
Меѓу реализираните проекти во таа насоока, Јанковска ги истакна и проектот минимална плата, намалувањето на стапките за придонеси за пензиско и здравствено осигурување, зголемувањето на платите на вработените во јавниот сектор, доделувањето на субвенции за земјоделците, зголемувањето на износот на постојаната парична помош, социјална помош, како и зголемувањето на паричната помош за децата без родители.
Во однос на положбата на жената и нејзините права, Јанковска меѓу останатите, ги издвои донесувањето на програмата за рано откривање на болести на репродуктивните органи кај жената, овозможувањето да се стекнат со високо образование, паричната поддршка за секое третородено дете.
– Ова е само мал дел од реализираното. Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е свесна за предизвиците кои претстојат, но ве уверуваме дека се работи посветено, сериозно и одговорно за решавање на сите напластени прашања. ВМРО-ДПМНЕ има и храброст и капацитет да се подобри, да се надогради, да направи промени, истакна Јанковска, упатувајќи при тоа честитка за празникот до сите граѓани на Република Македонија.