Поранешниот голман на Металург, Дарко Станиќ нема да биде наследник на Арпад Штербик во Вардар, откако српскиот чувар на мрежата официјално ја завршил професионалната кариера.

– Нема ништо од мое враќање во Македонија, бидејќи ја завршив кариерата. Се вработив во Министерството за спорт и млади и веднаш стигнаа моите први обврски. – изјави Станиќ за „Балкан-Хендбол“.

Шампионот на Европа ќе мора да се впушти во потрага по нов голман кој ќе биде адекватна замена за „Арпад Велики“ кој пак се закити со наградата најдобар ракометар во светот за 2017 година.

OhridNews