Вицепрвакот од последното Европско првенство селекцијата на Србија исто како и Македонија натпреварите на мундијалот во Шпанија ги заврши во осминафиналето. По трите победи на почетокот од групната фаза “орлите“ во следните три натпревари претрпе три порази вклучувајќи го и во 1/8 финалето од домаќинот.



– Публиката им беше најголема помош на шпанците да стигнат до триумф. На мундијалот не дојдовме да стигнеме до осминафиналето, туку најмалце до 1/2 финале, но тоа е тоа. Мора да се соочиме со фактот дека одигравме многу слабо на Светсткото првенство и треба сите да дадаме отчет за тоа –
истакна голманот на Металург, Дарко Станиќ.

После сребрениот медал на Европското првенство, очекувањата на српската јавност беше чекор напред, но “белите“ потполно потфрлија на мундијалот во Шпанија.

Ракометот е екипен спорт. Не може пола селекција да се спрема за секој меч, а пола да прави што сака. Несакам никој да критикувам, а да не тргнам од себе. Прифаќам дел од одговорноста за елиминацијата и слабите резултати, но и другите треба да го направат истото. Не треба да окривуваме некого туку заедно сите да седнеме и да направиме една целосна анализа на Светското првенство, бидејќи само така ќе ги донесеме работите во нормала, до тогаш системот ќе ни биде распаднат – заврши Станиќ.

Мх.П.