Некогашниот голман на Металург и миленик на скопската публика, Дарко Станиќ најверојатно ќе го замени Арпад Штербик на голот од европскиот и македонскиот првак, Вардар.
„Црвено црните“ во активна потрага се по голман кој ќе биде на нивото од Штербик, кој неодамна го официјализираше враќањето во редовите на Веспрем.
Ако одлуката падне на Станиќ и двете страни се договорат на српскиот голман нема да му биде потребно ниту трошка време за прилагодување, бидејќи веќе беше во Македонија бранејќи го голот на Металург, но ќе му треба простор да се врати форма по паузата која ја направи од ракометот.
Со него во составот „металурзите“ стигнаа два пати до 1/4 финалето во ЛШ, а Станиќ беше еден од подобрите голмано во Европа.
OhridNews