По постигнатиот хет-трик прв во дресот на Интер на мечот против Парма, Дејан Станковиќ тврди дека во тимот се вратил победничкиот дух, а и испратил порака на соседите во Милано, оти седумте бода разлика не се недостижни. Станковиќ победата и голеадата ја прославил со заеднички ручек кај капитенот на македонската фудбалска репрезентација и негов соиграч Горан Пандев.


Сега е некако се полесно, тоа е фудбалот, за седум дена се може да се промени – вели Станковиќ за српскиот “Журнал“ напоменувајќи дека веднаш заминал на ручек кај Пандев. Ако некогаш сум заслужил да мезам пршута, тоа е сега, овде кај мојот брат Горан се е` фантастично. Пршута, по некое пивце, па секој ден не се постигнува хет-трик, нели?

Станковиќ очекува трката за скудетото да остане меѓу миланските калчолигаши, не го отпишува Јувентус, додека смета дека Лацио нема сили да ја издржи трката.


По овој триумф потребно е да влеземе во серија победи и потоа да го освоиме светското клупско првенство, Сите посакуваме, годината да ја завршиме како шампиони на планетата. Тоа не и успеала на ниту една Интерова генерација, а уверен сум дека ние можеме – завршува Станковиќ.

М.П.