Селекторот на Србија, Синиша Михајловиќ, потврдил дека Дејан Станковиќ се согласил да биде дел од националниот тим за натпреварот со Хрватска, кој во Загреб ќе се одигра на 22. март.


„Разговаравме за неговото враќање во репрезентацијата и тој се согласи. Сепак, најпрвин ќе биде најважно тој да започне да игра, пред мечот во Загреб да одигра барем неколку натпревари за Интер, но верувам дека тоа нема да биде проблем. Тој започна да тренира сос соиграчите, а за најмногу десет дена ќе биде целосно подготвен. До натпреварот со Хрватска има речиси два месеца, сосема доволно време Станковиќ да биде целосно подготвен“,
рекол Михајловиќ.

Дејан Станковиќ во националниот тим (СР Југославија, Србија и Црна Гора, Србија) има одиграно 102 натпревара и постигнато 15 погодоци.

Последна контрола за мечот со Хрватска, Србите ќе ја имаат на 6. февруари во Никозија, против Кипар, од друга страна Хрватите истиот ден, во Лондон ќе играат против Јужна Кореа.