Согласно законот за  угостителска дејност, важноста на Решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем трае  три  години од денот на изготвувањето на истото, информираат од локалната самоуправа.
         
Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, ги информира станоиздавачите на кои им е истечена важноста на Решенијата за категоризација, дека треба да поднесат ново барање за утврдување на минимално-техничките услови и продолжување на решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем.

Барањето се поднесува во Секторот за туризам и локален економски развој, со седиште во просториите над УНИ банка (втор кат ) . 

За физичките лица кои издаваат легла во сместувачките капацитети од мал  обем, а немаат решенија за категоризација или важноста на истите е истечена, Општинскиот инспекторат секојдневно врши контроли на терен и согласно законот за  угостителска дејност и се преземаат соодветни мерки.

OhridNews