Секторот за Туризам и Локален Економски Развој информира дека важноста на Решението за извршена категоризизација добиена во 2008 година  наскоро истекува. Поради тоа потребно е да се поднесе ново барање за утврдување на минимално-техничките услови и продолжување на решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем.

Барањето се поднесува во секторот за Туризам и ЛЕР со седиште во просториите над УНИ банка (втори спрат).

Согласно законот за  угостителска дејност важноста на Решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем трае 3 (три) години од денот на изготвувањето на истото.

За физичките лица кои издаваат легла во сместувачките капацитети од мал  обем, а немаат решенија за категоризација или важноста на истите е истечена, согласно законот за  угостителска дејност се преземаат соодветни мерки.

OhridNews