– Откако започна проектот “КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“, во продажниот сектор на АДОРА Инженеринг, интересот на граѓаните за него е доста голем. Нашата компанија се прилагоди на проектот и стави на продажба дел од својата понуда во станбените комплекси во Охрид, Струмица и Скопје, со што граѓаните на Македонија кои ги исполнуваат предвидените услови, сега можат на поволен начин, прифатлива цена и субвенционирано плаќање да станат сопственици на елитен, модерен, функционален, енергетски ефикасен стан, изграден според најновите светски стандарди за квалитет и заштита на животната средина. – изјави проф. Д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор и сопственик на АДОРА Инженеринг-Скопје.
За купување стан преку владиниот проект “КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“, во соработка со посочените банки, граѓаните може да се пријават до крајот на февруари.