Студентот Бен Паркер (26) од Барнсли, Британија ја искористил најстарата финта за своите лоши оцени. Но на Бен кучето навистина му ја изело домашната, односно, му го изело УСБ меморискиот стик на кој се наоѓал неговиот труд. Двегодишниот љубимец му го уништил неколку месечниот труд за само 10 минути.


„Не можам долго да се лутам  на него. Кога на професорите им реков дека кучето ми го изеде трудот, само ги превртеа очите и ми рекоа дека финтата е стара и излитена. Имам среќа што ги положив испитите, но добив пониски оцени отколку што очекував“ – рекол Бен.