– Малубројни се земјите како Република Македонија, кои им оддаваат признанија на своите книжевни и уметнички творци и на сите кои правеле и направиле македонската култура – најавтентичното огледало на макотрпната историска судбина на македонскиот народ да се афримира и креативно да им се презентира на другите духовни средини, на другите народи и култури. Ова го истакна црногоскиот академик Сретен Перовиќ, во беседата по повод десетото јубилејни издание на меѓународната манифестација „Беседи за Прличев“, што синоќа се одржа во родната куќа на охридскиот Хомер.

На меѓународната манифестација говореше и претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов, кој упати забелешка дека Охрид како се’ уште не ја чувствува големината на Прличев.
– Тој човек, тој осаменик, светски дух во една мала средина живееше, а како да не беше разбран, рече Старделов.


Плевнеш истакна дека традицијата на меѓународно чествување на Прличев ќе продолжи и натаму најавувајќи дека за големиот македонски преродбеник в година ќе беседи словачкиот поет и преведувач, Франтишек Липка, додека во 2011 хрватскиот професор Горан Калоѓера.











