И покрај акциите кои ги спроведува јавното комунално претпријатие, како и службата “48 часа” која им стои на располагање на граѓаните, сепак недостатокот на еко-култура на површина ги исфрла недоличните слики од депониран зелен отпад и токму на градскиот кеј.


Дежурните служби на „Комуналец“ ги направиле овие фотографии на Кеј „Маршал Тито”, каде контејнерите се преполни со зелен отпад кој го депонирале несовесни граѓани кои ги средувале парковските површини.


Од „Комуналец“ aпелираат до граѓаните зелениот отпад уредно да го депонираат во најлон кеси и да се обратат на дежурниот телефон 046/265-353 за подигање на истиот.

OhridNews