На двојниот празник посветен на Св. Кирил и Методиј и на Вознесениото Христово – Спасовден, ЈП „Охридски Комуналец“ пред јавноста ги претстави новонабавените специјални возила за депонирање и транспорт на отпад и за поддршка на единиците на јавна хигиена и на паркови и зеленило.
-Се работи за половни возила произведени во 2003 и 2005 година кои се користени во Германија. Возилата за депонирање и транспорт на отпад се од марката „Мерцедес бенз“ со носивост од 4 метри кубни, односно 20 метри кубни пресован отпад, истакна директорот на „Комуналец“, Сашо Алчев.
Со овие возила, додаде Алчев, се зголемува ефикасноста на службите за јавна хигиена, бидејќи сега тие ќе можат да влезат и на места каде до сега отпадот се подигаше рачно.
-Нашите вработени сега нема да има потреба да влегуваат по 300-400 метри во сокачиња, и многу поефикасно ќе можеме да ја вршиме услугата и на специфични места како што е стариот дел на Охрид кој сега ќе се чисти за само 2 часа, рече Алчев.
Возилата се набавени на тендер. Користат дизел мотори, а деловите за сервисирање се лесно достапни, објасни Алчев. Цената на возилата за депонирање и транспорт на отпад изнесува околу 13.900 евра, додека возилата за логистика кoи се од марката „Форд“ чинат околу 10.000 евра. Средствата се обезбедени од буџетот на јав
Во последните две години јавното комунално претпријатие набави вкупно 7 возила и го зголеми возниот парк на 20 возила, со што во голема мера се подобрени капацитетите за ефикасно вршење на услугите на службите на претпријатието.