Со одлука на Министерството за животна средина потпишана од министерот Насер Нуредини, единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) лоциран во Охридската чаршија на плоштадот „Чинар“, инаку дел од долгата историја на Градот, но и препознатлив дел од неговата туристичка понуда, е прогласено за природна реткост.
Називот на природната реткост е „Чинар – Охрид“. Решението доаѓа по претходно изработениот елаборат за валоризација, санација и ревитализација на чинарот (Platanus orientalis) на плоштадот „Чинар“ од страна на Општина Охрид, и Одлуката на Советот на општина Охрид за потребата од прогласување на стариот чинар за природна реткост. – информира Локалната самоуправа.

Очекуваме Министерството за животна средина во најкраток рок позитивно да се произнесе и по однос на ова барање. – велат од Локалната самоуправа.
OhridNews












