Старите лични карти и пасоши од денеска повеќе не важат, а граѓаните кои немаат нов биометриски документ нема да можат да извршат никаква активност за која се бара документ за лична идентификација.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, најголем дел од граѓаните веќе ги замениле старите лични документи со нови, биометриски, односно 1.445.663 граѓани извадиле нови лични карти што е 83 отсто од вкупната популација која задолжително мора да има лична карта, додека нови пасоши извадиле 1.377.377 граѓани, пренесува „Макфакс’.

И покрај тоа што акцијата за замена на старите лични исправи поддржана од кампањи и бројни информации во медиумите траеше долг период, сеуште има граѓани кои не извадиле биометриски документи. Тие нема да бидат санкционирани за тоа, но не ќе можат да добијат услуга секаде каде што за тоа е неопходна лична карта или патна исправа.

OhridNews