Од почетокот на оваа недела функцијата В.Д. директор на МЈП Проаква ја врши Златко Старкоски, кој беше назначен на раководната позиција по оставката од претходниот директор, Бранислав Трпчески.

Старкоски, одржа средба со новинарите од Охрид, на која истакна дека соработката со медиумите ќе продолжи и понатаму со цел- правилно информирање на граѓаните околу активностите на јавното претпријатие.


Старкоски е дипломиран економист. Поголемиот дел од својот работен век го минал во охридската фирма за метални производи “Братство”, најпрво како референт за комерција, за потоа да ја извршува и функцијата комерцијален директор.

Во Проаква работи веќе три години, во почетокот како вработен во Наплатна служба, а од пред година и пол во Секторот за јавни набавки.

Ќе го насочам сиот свој капацитет во решавање на проблемите и подобрување на состојбата во која се наоѓа фирмата, која во текот на последните неколку години бележи развој, на кој сега му е потребна само надоградба. Фирмата е кадровски екипирана, со вработени со долгогодишно искуство и подготвени да одговорат на сите поставени задачи, истакна на средбата Старкоски.

OhridNews