По тој повод, денеска, младите активисти на Црвен крст Охрид ќе ги посетат старите лица во Геријатриското одделение при Општата болница во Охрид, каде низ пригодна програма во реализација на учениците од ОУ „Братство и единство” од Охрид ќе се забавуваат и дружат две генерации.
Попладне дружењето ќе продолжи со старите лица од Здружението на пензионери од Охрид и Дебарца, во Домот на пенизонери во Охрид.
Сите овие години се обидувавме на оние кои чекорат по патеката на сонцето да им подариме повеќе сонце и радост. И овој ноември ќе почукаме на нивната врата со желба да бидеме со нив и подариме, на нивната есен на животот, топлина на сонцето и пријателска рака.-велат од Црвениот крст.