Во рамките на оф-програмата на „Охридско лето“ вечерва,  во предворјето на црквата „Св.Софија“  ќе настапи „Старовски бенд“ со кабаре-чалгија перформанс, инспириран од македонската поезија.

Бендот го сочинуваат Верица Недеска, Верица Андреевска, Круме Стефановски, Дејан Спасовиќ и Јордан Костов кои ќе изведат стихови и музика од нивниот прв албум „Прашинка љубов“, како и од новиот албум кој е во подготовка.


Поезијата во нивните песни е од македонските поети Петре М. Андреевски, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Блаже Конески, Никола Јонков Вапцаров и Константин Миладинов.

Автор на видео-инсталацијата е  Сергеј Ѓоргиев, а костимите ги изработи Никола Булески Буле.

OhridNews