По повод Европската недела на мобилност, охридската Автошкола „Старс Инженеринг“, на сите основни училишта во општината, им додели комплет слики изработени според новиот правилник, со сообраќајна сигнализација, хоризонтална и вертикална, светлосни сигнални уреди кои ќе им помогнат на младите при управувањето со велосипед.

  • Децата со навршени десет години се стекнуваат со право самостојно да управуваат велосипед и затоа е потребно уште во воспитно образовниот процес да се стекнат со сообраќајно воспитување. Целта е да можат сите тие правила и прописи да ги совладаат за да се овозможи и нивно безбедно движење, а и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, објаснува сопственичката на „Старс Инженеринг“, Соња Шикалоска.

Од училиштата велат-донацијата е повеќе од добредојдена.

  • Ова се надгледни средства кои долго ќе се користат во училиштата од страна на учениците и нивните наставници. Во сообраќајот постои голем неред и затоа ваквата едукација, од мали нозе, на децата им е повеќе од потребна, вели директорката на основното училиште „Христо Узунов“, Оливија Јанева.

Од „Старс Инженеринг“ велат дека нивниот кадар секогаш им стои на располагање на училиштата со цел запознавање на учениците со основните познавања на сообраќајната култура и правила, се со цел нивна поголема безбедност во сообраќајот.

OhridNews