Со натпреварите од првото коло денеска стартуваат квалификациите за Европското првенство во ракомет што 2012 година ќе се одржи во Србија. Во седум групи играат по четири репрезентации, а двете првопласирани ќе се квалификуваат на еврошампионатот каде место имаат обезбедено Франција (европски првак) и Србија (домаќин).


Во групата 1 настапува Македонија која во денешниот дуел од 17 часот и 15 минути ја пречекува Естонија во „СРЦ Кале“.

Вториот натпревар од групата, Унгарија – Босна и Херцеговина се игра утре.

Двојките во другите групи се:

Група 2: Шпанија – Литванија и Хрватска – Романија (утре).

Група 3: Словенија – Португалија и Полска – Украина (утре).

Група 4: Словачка – Израел и Шведска – Црна Гора (утре).

Група 5: Германија – Австрија и Исланд – Летонија.

Група 6: Норвешка – Холандија и Чешка – Грција.

Група 7: Русија – Швајцарија и Данска – Белорусија.