Културолошка Иницијатива „5 до 12“ го започнува своето седмо издание под слоганот „The Cultural Seven“, викендов на 5 и 6 јули, со настанот Free Spirit Days во Скејт Парк Охрид.

На 5ти јули, од 19:00 часот, ќе се одржи урбан музички концерт под отворено небо со настапи на: МЦО Бенд, Feral Youth, Dimish и Rootboy Selector.

На 6-ти јули, од 18 часот младите скејтери од целата држава ќе се натпреваруваат на Скејт Контестот, пропратен со музика од Lychnidos Records. Ова е ден посветен на движењето, младешката енергија и слободниот дух. Влезот е слободен за сите љубители на алтернативната сцена, спортот и музиката, велат од КИ „5 до 12“.

„The Cultural Seven“ ќе трае од 5 до 12 јули и ќе донесе седум уникатни културни приказни кои ќе го оживеат градот во седмата година од оваа културна традиција.

OhridNews