Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа над Азербејџан 41-22 (18-8) ги започна квалификациите за Светското првенство следната година кои се одржуваат во Скопје.
Избраничките на селекторот Симе Симовски од почетокот до крајот на мечот доминираа и забележаа убедлива победа пред решавачките натпревари со Исланд и Турција.
Нападот предводен од левото крило Ристовска која реализираше 11 голови до врв го наполна голот на противничките. Саздовска постигна пет, а Ѓорѓиевска, Јанеска и Јовановска застанаа на четири погодоци.
Во втората рунда која ќе се одигра утре (сабота) Македонија ќе ги одмери силите со селекцијата на Исланд.
Фото: Gol.mk
OhridNews