Македонската женска ракометна репрезентација претрпе убедлив пораз 41-20 од селекцијата на Србија на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“ во Турни Северин, Романија.
Утре од 16 часот нашите ракометарки се среќаваат со селекцијата на домаќинот Романија, додека в недела од 10 часот го играме последниот натпревар со Унгарија.










