Првата четвртина од натпреварот ја одбележа малиот број на поени и многуте грешки на обете екипи, но и покрај се им припадна на црногорците со 15-14. “Црвено жолтите“ првиот меч од Европското првенство го започнаа “млитаво“ во нападот не постигнувајќи кош во воведните 3:30 минути, додека одбраната беше на висина на задачата. Малерот го “скрши“ Илиевски со тројка, а во скромниот прв дел во таборот на Црна Гора најпрецизен беше Дасиќ со осум поени.
Перфектната игра во одбрана избраниците на Докузовски ја наплатија во вторите десет минути кои ја добија со 16:9, по што првиот дел го завршија со предност од пет поени 30-25. Соколов со тројка ја отвори мини серијата која ја продолжи Д. Стојановски со нова тројка и донесоа “егал“ на резултатот 20-20. Предводникот на “белите“, Пековиќ промаши неколку шутеви по ред, а тоа репрезентавците на Македонија го искористија максимални, со контри и полуконтри преку Илиевски го полнеа протвничкиот кош.
Црна Гора вториот дел го започна агресивно, и отвори серија од 12-2, “белите“ се вратија во игра благодарение на поените на Драгичевиќ и Дасиќ. Ако во првиот дел одбраната на “црвено жолтите“ функционираше беспрекорно во третата четвртина тоа не беше случај примајќи 24 поени во тие десет минути. Составот на Македонија во живот го одржуваше Меклејб постигнувајќи неколку клучни поени од кои една тројка и тоа кога се кршеше резултатот. Во финишот на третиот дел се играше “кош за кош“, а темпото на игра го диктираше Црна Гора која преку Вучевиќ постигна пет поени во низа. На истекот на третата “чевртина“ Антиќ погоди за изнедначување 49-49.
Бледата игра во нападот од првиот дел беше “пресликана“ во решавачката четврта четвртина од натпреварот, македонската репрезентација во 6:30 минути постигна само два поени, а Црна Гора постигна девет и имаше водство од седум разлика 58-51. По “тајм аутот’ на Докузоски, Меклејб и капитенот Антиќ искомбинираа заедно пет поени и ја вратија резултатската неизвесност 58-56. Црна Гора преку Пековиќ кој поенитраше “2+1“ ја врати предноста од пет поени 61-56. На 1:27 до крај Антиќ поентира за три поени, прва во натпреварот од осум обиди “Белите“ преку Кук промашуваат, а Чековски со дефанзивен скок ја прифаќа топката.
Македонија го има последниот напад преку В. Стојановски кој ги погодува двете слободни фрлања за изедначување на резултатот 61-61. На семафорот останаа уште 5 секунди за Црна Гора која има напад а “црвено жолтите“ не беа излезени од “бонус“ фаулите , тогаш најдобриот поединец во составот Меклејб го направи фаталниот петти фаул и за него натпреварот е завршен. Пековиќ е непрецизен и победникот на овој трилер натпревар го добивеме по дополнителните пет минути.
Во дополнителните пет минути во составот на Црна Гора се разбуди Дасиќ кој врза четири поени за 65-61, брзите поени на Самарџиски и Соколов го вратија резултатот егал 65-65. Јеретин е непогрешлив од линијата за слободни фрлања за 67-65. Во игра “два на два“ црномурестиот Кук ја краде топката од рацете на Антиќ, а во поени ја претвара најдобриот на теренот Дасиќ за 69-65 на 30 секунди до крајот. “Црвено жолтите“ во последниот напад преку В. Стојановски се обидоа со удар за три, но непрецизен, а крај на сите надежи за прва победа на “евробаскетот“ стави Пековиќ кој реализираше едно од двете слободни фрлања за конечни 70-65.
По воведниот пораз Македонија шансата за пласман во наредната фаза ќе ја бара во вториот круг кога спарингува со фаворитот на хартија, Хрватска.