Во наредните три дена ќе се одржи 19-то традиционално меѓународно мото рели „Македонија – Независност“. Според програмата релиото ќе стартува од Скопје и ќе се вози на релација Скопје-Велес-Св. Николе-Карбинци-Штип-Радовиш-Дојран.


Вториот ден ќе се вози на релација Дојран-Гевгелија-Неготино-Кавадарци-Прилеп-Крушево-Битола-Ресен-Охрид. Третиот ден е предвиден за враќање од Охрид, а целта на релито ќе биде во Скопје.

Ohridnews