ЈП Билјанини Извори  ја известува јавноста дека утре со почеток од 13 часот официјално ќе започне Првата Бизнис охридска лига во мал фудбал. Натпреварите ќе се одржуваат секоја сабота и тоа од 13 до 19 часот во Спортската сала Билјанини Извори. Бизнис лигата е составена од 12 екипи ( компании ) кои ќе играат лига систем ( секој со секого ). 
Првите четири екипи ќе учествуваат во големото финале кое ќе се одигра во почетокот на месец март и ќе биде организирано како викенд на Најдобрите 4 екипи. 
За најдобрите екипи ЈП Билјанини Извори обезбеди награди и тоа пехари за првите четири екипи, дипломи, награда за најдобар играч, голман и стрелец како и за најдобра фер плеј екипа. Исто така, најдобрите четири компании ќе имаат можност да се рекламираат бесплатно во Спортската сала како и да користат бесплатни термини за мал фудбал.
ЈП Билјанини Извори ги поканува сите граѓани на Охрид сите љубители на фудбалот и спортот да присуствуваат во Спортската сала Билјанини Извори и да бидат дел од првата Бизнис лига во мал фудбал.
Ohridnews