Вкупно 24 хорови од 10 земји од Европа ќе учествуваат на јубилејното 10-то издание на Охридскиот хорски фестивал, кој ќе се одржи од денеска до 28 август.
– Фестивалот има ревијален дел и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку категории. Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачките концерти, концертите на духовна музика, поп и фолк. – соопштија организаторите.
Победниците на десетто издание на Хорскиот фестивал во Охрид ќе го прогласува специјално жири комосија, формирана од реномирани лица од музичкиот свет: Алицја Шелуга (Полска), Аљоша Новаковиќ (Босна и Херцеговина), Запро Запров (Македонија), Јасенка Остојиќ (Хрватска) и Илија Рајковиќ (Србија).
Концертите од фестивалот ќе се одржуваат во Дијамантската сала на хотел Инекс Горица и црквата Св. Кирил и Методиј (католичка црква), а во состав на отворањето хоровите ќе изведат кратка програма на отворено.
OhridNews













