По неколкумесечната летна пауза, националната установа Центар за култура “Григор Прличев”, од 19- ти септември ја започнува новата сезона на филмски проекции со прикажување на филмот „Огледалце, огледалце“.

Главните улоги ги толкуваат Џулија Робертс, Лили Колинс.  Злобната кралица ја присвојува контролата на царството, а протераната принцеза со помош на седумте бунтовниците се обидува да го врати своето природно право на царството.

Проекциите на филмот, кои ќе почнуваат во 18 часот,  ќе траат до 21- ви септември.

Цена на билетот е 100 денари.

OhridNews