Денес официјално стартува новата сезона на Лигата на Европа на УЕФА 2025/26, носејќи свеж формат, нови тимови и големи очекувања.
Ова ќе биде 55. издание на ова европско натпреварување порано познато како Куп на УЕФА, а 17–та сезона под името „Лига на Европа“.
Финалето е закажано за 20 мај 2026 на Бешикташ Парк, Истанбул.
Што носи стартот
На стартот не очекуваат интересни натпревари. Еден од нив е Бетис – Нотингем Форест кој се враќа во европските натпреварувања по речиси 30 години. Шкотскиот гигант Селтик, пак, и гостува на Црвена Звезда во Белград. Двата тима по елиминацијата од Лигата на шампионите, сега се насочени кон предизвиците во Европа лига.
УЕФА Европа лига – Натпревари (1. коло)
Митјиланд – Штурм Грац
ПАОК – Макаби Тел Авив
Брага – Феенорд
Црвена Звезда – Селтик
Динамо Загреб – Фенербахче
Малме – Лудогорец
Ница vs Рома
Бетис – Нотингем Форест
Фрајбург – Базел
Натпреварите се играат вечерва, во стандардните термини од 18:45 и 21:00 часот (по средноевропско време).
Промени и очекувања
Лигата на Европа 2025/26 ќе биде тест за новиот формат – лига фаза наместо традиционалните групи, што носи промени во начинот на натпреварување. Победникот добива место во групната фаза на Лигата на шампионите 2026/27, доколку не се пласирал преку домашните лиги.
Минатата сезона трофејот во Лигата на Европа го освои Тотенхем со што си обезбеди пласман во Лигата на шампиони.
Г.М.