Од 15-ти ноември започнува примената на законската обврска за задолжително носење на пропишаната зимска опрема за моторните возила надвор од населените места.

Возилата со носивост до 3.500 килограми задолжително треба да носат зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина од 4 милиметри.  Исто така дозволена е  употреба на пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За возилата над 3.500 килограми носивост, задолжителни се зимските пневматици на погонските тркала со минимална длабочина од 6 милиметри, или пневматици од летен профил на сите тркала со шари  обем 4 милиметри, ако во возилото има синџири за снег.

Автобусите и товарните моторни возила  кои поради технички причини  не можат  да постават  синџири  за снег, треба да имаат  зимски пневматици.

Глобата за неносењето на зимска опрема во возилата е 15 евра во денарска противвредност. Полицијата што ќе ги затекне несовесните возачи може да нареди прекин на натамошното движење на возилото, доколку не се постапи според сообраќајниот знак „Задолжително носење на зимска опрема“.

Зимската опрема за возилата е задолжителна до 15 март идната година.

OhridNews