Почетокот на проектот „Дрога-вистина и заблуди“, ќе биде свечено означен со кампања што денеска на пладне ќе стартува на плоштадот „Св. Климент Охридски“.

Кампањата е поддржана од  познати лица од сферата на спортот, естрадата, театарот и културата од Охрид.

Проектот, СВР Охрид го организира со Црвениот крст од Охрид и е наменет за учениците од основните и средните училишта како и за родителите. Неговата реализација започна во 2008 година на целото подрачје што го покрива СВР Охрид а целта е акцентирање на штетните последици од злоупотребата на дрога и превенција.

Во изминативе две години проектот „Дрога-вистина и заблуди“ го проследиле 25.000 ученици и 9000 родители од вкупно 7 општини од регионов.

OhridNews