Очите на спортската јавност во Македонија и Европа ќе бидат вперени во ракометниот Мундијал во Германија и Данска кој стартува денеска, а ќе заврши со распределбата на одличјата закажана за 27 јануари.

Дел од 26-то Светско првенство кое ќе се одржи во две земји и шест спортски арени ќе биде и Македонија која се наоѓа во Б групата со Хрватска, Шпанија, Исланд, Јапонија и Бахреин. „Црвено жолтите“ без сензационални најави и со голема доза на претпазливост отпатуваа во Минхен каде ќе ги одиграат мечевите. Целта е пласман во втората фаза, а што ќе испадне останува да видиме.

Мундијалската програма денеска ќе ја најават двата домаќини. Германија ќе се сретне со Кореа во 18 часот и 15 минути, додека Данска ќе ги одмери силите со Чиле во 20:15 часот.

Македонија својот прв меч на Светското првенство го игра утре со почеток во 15:30 часот против селекцијата на Јапонија.

OhridNews