На првиот ден од 2011 година започнува 33 – то издание на релито Дакар. Ова ќе биде трета година по ред што најпрестижното и најтешкото рели се одржува на јужноамериканскиот континент, во Аргентина и Чиле.

На стартот на релито ќе се појават 430 посади, речиси стотина повеќе од минатата година. Во конкуренција на автомобили ќе пријавени се 146 посади, камиони ќе стартуваат 33, а највеќе има моторџии, вкупно 183.

Минатата година со Фолксваген победи Карлос Саинз. Негови најголеми конкуренти се очекува да му бидат Жиниле Де Вилиерс, Стефан Петерхансел и Насер Ал Атиа.

Моторџиите за првпат не смеат да имаат посилни мотори од 340 кубни сантиметри. Титулата ја брани Сирил Депре со КТМ, а негов прв ривал ќе му биде Марк Кома. Токму овие двајца ги освоија насловите во минатите пет години.

Ќе се возат 14 етапи, во должина од 9.500 километри низ Андите и пустината Атакама, а првата етапа ќе се вози од Буенос Аирес до Викторија.

“извор Макфакс“
Ohridnews