Со пригодна свеченост  во кафулето и плажа “Куба Либре“, утре официјално со  работа почнува првиот локален сајт за групни попусти kelepur.mk.

Од утре па секој ден  натака на оваа интернет страница  единствена од ваков тип во Охрид и Струга,  ќе се поставуваат атрактивни и ексклузивни понуди на производи и услуги со големи попусти, дури до 90%.   Заинтересираните корисници за услуги од ресторани, кафулиња, дискотеки, бутици, СПА и фитнес центри, стоматолошки ординации, фризерски салони и салони за убавина, културни и спортски настани, курсеви за јазици и други услуги и производи ќе ги добиваат по неверојатно голем попуст. Заинтересираните за   понудата уште од утре може да добиваат купони доколку понудата е успешна, односно ако го достигне минимумот купувачи одреден за конкретната понуда. 

Бенефитот од ваквиот начин на купување е двостран и за купувачите и за продавачите (трговците). Првите добиваат неверојатно евтини, а квалитетни услуги односно производи, а вторите поголем профит од зголемената потрошувачка и промоција, односно афирмација на нивниот бизнис.

– Не пропуштајте ги понудите! Од утре  и вие станете пријатели на kelepur.mk, како и на facebook.com/kelepur и бидете дел од новиот концепт за онлајн- купување. Пазарете по евтини цени и почувствувајте ја моќта на групата што носи вистинска револуција во денешното потрошувачко Општество. -порачуваат од новата он-лајн компанија, која со работа стартува утре.

OhridNews