Љубителите на малиот фудбал од овојнпеток повторно ќе уживаат во возбудувањата на традиционалниот турнир „Велгошти 2026“, кој и ова лето ќе ги собере најдобрите екипи и голем број љубители на спортот.

Во првата турнирска вечер ќе се одиграат уште три интересни натпревари:
21:00 – Пицерија Американо – Идеал рент а кар Струга
22:00 – Џими – Оровник
23:00 – Сатеска – Хотел Тино
Групната фаза ќе се игра до 25 јули, а во седум натпреварувачки вечери публиката ќе има можност да проследи бројни неизвесни пресметки, додека 19 јули е предвиден како слободен ден.
Организаторите најавуваат уште едно успешно издание на турнирот, со квалитетен фудбал, фер-плеј и одлична атмосфера, а очекувањата се трибините во Велгошти повторно да бидат исполнети до последното место.
OhridNews













