Езерската полиција ги засили контролите по неколкуте инциденти предизвикаа скутери, во кои беа повредени две лица.
Патрола на Езерската полиција вчера ги опоменуваше возачите на скутери, укажувајќи која е зоната во која тие можат да се движат за да не ја загрозуваат безбедноста на капачите.
Како што е познато, Владата вчера донесе одлука ограничувањето на пловидбата со скутери по Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, наместо на 20-ти јули, да стартува од денеска, 12ти јули.
Ограничувањето на пловидба на пловните објекти на трите езера ќе трае од 12 јули до 31 август 2012 година, во времетраење од 11 часот до 18 часот секој ден.
Од владата потсетуваат и дека се стапени во сила санкциите за прекршување на оваа одлука, во висина од 6.000 до 8.000 евра во денарска противвредност за домашни и странски правни лица, и од 800 до 2.000 евра за физички лица, како и мандатни казни од 600 евра на лице место.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com