Со традиционален воден мост и сечење торта симболизирајќи го почетокот на  новата воздушна линија, аеродромскиот оператор ТАВ Македонија на скопскиот аеродром „Александар Велики“ денеска го пречека авионот од Будимпешта на Виз ер, одбележувајќи го отворањето на новата рута меѓу двата главни града – на Македонија и на Унгарија.  

Новата ниско-тарифна линија со погоден распоред на летање, чија фреквенција е два лета неделно, ќе донесе пристапни можности за патување при што македонските патници ќе можат да го откријат величествениот главен град на Унгарија, како и 61 друга дестинација низ Европа, достапни на ниско-тарифната мрежа на Виз ер од Будимпешта. Патниците што го планираат нивниот одмор или викенд во Будимпешта и подалеку, можат да ги резервираат своите билети на њиззаир.цом со цени кои почнуваат од 899 денари.

Авиокомпанијата ќе сообраќа на линијата Будимпешта–Скопје–Будимпешта два пати неделно, односно секоја среда и недела, со пристигнување на скопскиот аеродром од Будимпешта во 12:25 часот и заминување од Скопје за Будимпешта во 13:00 часот.

OhridNews