Со дуелите од првата рунда кои на програмата се в недела во 14 часот започнуваат мечевите од пролетната полусезона во Општинската фудбалска лига.


Лидерот на табелата Лакочереј полусезоната ќе ја отвори со гостување кај тимот на Св. Петар. Второпласираната Воска пред своите гледачи ќе се сретне со Вулкан, додека Дебрца против Злести во гости.

Двојки: Рудар – Лешани, Лакочереј – Св. Петар, Воска – Вулкан, Славеј – Вапила, Злести – Дебрца.

Табела: Лакочереј 18, Воска 15, Дебрца 15, Вулкан 12, Рудар 10, Вапила 10, Св. Петар 3, Лешани 0.

OhridNews