Сите редовни студенти на државните универзитети од оваа година ќе можат да користат бесплатен јавен превоз на сите линии. За оваа намена тие ќе добијат картички од јавните сообраќајни претпријатија.
Од годинава стартува и проектот „средношколска среда“ кој предвидува, на сите средношколци од државата секоја среда да им бидат обезбедени бесплатни билети за железничкиот превоз, жичницата на Водно, за во кино и театар.
Двата нови проекта ги најави премиерот Никола Груевски на свечената академија по повод државно-црковниот празник Свети Климент Охридски.
OhridNews
Извор: „МИА“