Со натпреварите од првата рунда синоќа започна деветтио меморијален турнир во мал фудбал “Стефан Толески“ во Пештани.


Во наредните дваесетина дена спортскиот полигон во Пештани ќе биде центарот на фудбалските возбудувања. На турнирот пријавени се триесетина екипи од регионот Охрид, Струга, Ресен, Битола, кои поделени во 8 групи ќе се борат за престижниот трофеј како и паричната награда.


И годинава како и во изминатите осум изданија се очекува да продефилираат фудбалски реномирани имиња како што во минатото тоа беа репрезентативците од калибарот на Митко Стојкоски,  Тони Мицески, Артим Шаќири, Горан Ставрески, Гоце Толески, како и актуелни футсал репрезентативци како Левески,  Ранготов и Тодороски и други.


Бранител на трофејот е тимот на Вила Свис, кој годинава ќе настапува под името ГП РЕмис. Покрај пехарите за сите уцесници во финалната четворка ќе бидат обезбедни маици со името на Стефан Толески. Наградниот фонд на турнирот изнесува 2000 евра.


Новина во овогодинешнтото издание ќе биде правилото кое се применува во футсалот, а тоа е после секој шести прекршок ќе се изведува казнен удар од 10 метри.


– Стефан Толевски беше една прекрасна личност, извонрен фудбалер и вистински пример за голем професионалец. Поради сето тоа ние го славиме негово име и потсетуваме дека тој секогас е со нас. Ги поканувам сите фудбалски вљубеници да дојдат да ги следат натпреварите- рече Лазе Толески техничкиот директор на турнирот.

Натпреварите се играат во вечерните термини со почеток од 20 часот.

М.П.