Статичните велосипеди во Холандскиот парк, кој неодамна беа поправени станаа вистинска атракција за охриѓани, но и за туристите. Деновиве во попладневните часови тие се користеа ”со полна пареа”, а можеше да се забележи и голем метеж околу нив, па дури и се чекаше на ред за возење. Најзаинтересирани за ”возење во место” беа најмладите, кои најмногу им се радуваат на ваквите спортско-рекреативни реквизити.
Инаку статичните велосипеди во Холандскиот парк пред извесен период беа целосно оштетени, но во пресрет на Денот на Холандската кралица истите беа бојадисани и добија и нови педали.