Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори, бруто-домашниот производ во 2015 година изнесува 558 240 милиони денари и во однос на 2014 година номинално е зголемен за 5.8%. Реалната стапка на раст на БДП во 2015, во однос на 2014 година, изнесува 3.8%, соопшти Државниот завод за статистика.
Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2015 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.7%).
Финалната потрошувачка во 2015 година, во однос на 2014 година, номинално расте за 3.6%, а во структурата на БДП учествува со 85.1%.
Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2015 година изнесува 48.8%. Вредноста на инвестициите во основни средства во 2015 година изнесува 129 095 милиони денари.
Номиналниот пораст на вредноста на инвестициите во основни средства во 2015, во однос на 2014 година, изнесува 4.5%.
Во техничката структурата на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 63.4%, машините и опремата со 30.1%, а останатите инвестиции со 6.5%.
OhridNews