Тенка е линијата помеѓу омилен и омразен лик во животот. Најдобро на своја кожа го осети Златан Ибрахимовиќ, кој преку ноќ стана непосакувана личност во Малме, откако одлучи да инвестира во клубот Хамарби кој го голем ривал на матичниот клуб од Швеѓанецот.

Симпатизерите на Малме, бесот за потегот и предаството на Ибрахимовиќ го искалија на статуата која ја запалија и полија со многу бои. Статуата неодамна беше поставена токму од Малме, кој му се заблагодари на Ибрахимовиќ за популаризација на клубот и фудбалот во Шведска.

Ибрахимовиќ се уште се нема огласено за чинот на симпатизерите од Малме и скрвенањето на статуата пред стадионот.

OhridNews