Фудбалската репрезентација на Македонија 2010 година ќе ја заврши на 76-то место на ранг листата на Светската фудбалска федерација – ФИФА. „Црвено-жолтите“ во однос на претходниот месец ја сочуваа истата позиција но на контото имаат два бода повеќе, вкупно 441.


Противниците на Македонија во квалификациската група за пласман на ЕП во 2012 година, се пласира на 13 место Русија, на 20 – то Словачка, додека нашиот следен противник во квалификациите Република Ирска се наоѓа на 36-то место, Ерменија го завзеде 60-то место. Позади Македонија е единствено Андора.

Во Топ 10 на ранг листата на ФИФА се Шпанија, Холандија, Германија, Бразил, Аргентина, Англија, Уругвај, Португалија, Египет и Хрватска. 

Ohridnews