Македонската фудбалска репрезентација не забележа ниту напредок, ниту пад и остана на 68-та позиција на најновата рејтинг листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

„Црвено жолтите“ иако ги добија натпреварите со Лихтенштајн и Гибралтар во последните две рунди од Лигата на Нации не напредуваше, бидејќи играше со противници со послаб рејтинг.

А селекцијата зад себе има незаборавна година. Избраницие на Игор Ангеловски успеајда да обезбедат пласман во завршницата од Лигата на Нации, пласман еден ранг погоре односно во Ц лигата и голем скок на ФИФА рејтинг листата.

Ривалот на Македонија во полуфиналето во завршницата од Д лигата во Лигата на Нации, селекцијта на Косово напредуваше шест места и се наоѓа на 131-та позиција.

Во ТОП 10 нема големи промени. Водечка е репрезентацијата на Белгија, а потоа следуваа Франција и Бразил.

OhridNews