Груевски по средбата изјави дека владеачката партија прифатила повеќе од 30 барања на опозицијата и оти за време на разговорите постојано биле доставувани нови предлози од СДСМ.
Црвенковски, пак, рече дека СДСМ нема да го прекине бојкотот во Собранието и оти не ја исклучува можноста од бојкот на евентуалните предверемни избори.
Според него, не е постигнат договор за барањата за Изборниот законик. Во врска со Избирачкиот список барњето на СДСМ било проверката да трае 30 дена, додека владеачката партија сметала дека тоа може да се заврши за 20 дена. Лидерот на опозицијата рече дека кај валдеачката партија не постои интерес за деблокирање на сметките на медиумите од „Перо Наков“ бб. Тој сепак рче дека се подготвени за уште една средба.
На денешната лидерска средба, која почна попладнево, лидерите на најголемите политички партии од власта и од опозицијата требаше да ги надминат отворените прашања во пресрет на предвремените парламентарни избори и за обновување на дијалогот власт-опозиција.
ивор:„МИА“