
Овие вистини ги имавме во предвид во февруарскиот ден во 2000та година кога одлучивме на она без кое тешко дека ќе постоевме овде и вакви ,да му дадеме барем еден Ден. Ден за да го спомнуваме, но и за да го штитиме, за да зачуваме за понатаму. Со едногласниот восклик И лове тхе Лаке , Го сакам езерото, го прогласивме Денот на Охридското Езеро. Го избравме најдолгиот ден во годината 21 Јуни како симбол на долговечноста,на светлината и вистината.
Денес 12 години потоа гледаме.Гледаме и назад во направеното, и напред во она што треба да се направи.Гледаме и со гордост за направените нешта, и со порив за ноствареното и со стравување за идните предизвици. Има во целата таа битка од се по нешто. Имаше и потпишани Договори , обезбеден заеднички моноторинг,имаше Одлуки за безфосфатни детергенти како спас од еутрофикацијата,имаше и пошумување како спас од ерозијата,имаше и опрема за следење на состојбата и студија за состојбата.Имаше и надградба на пречистителната станица ,нови пумпни станици, нов колектор на албанска страна, но исто така и помош за порибување за пастрмчиња,за јагулчиња .Имаше и туристичка промоција на Националниот Парк и зафати во канализациона мрежа и зафати за водотекот Грашница и зафати за управување со цврстиот отпад и малки показно за блатото.Имаше и заедничкио Акциони планови и меѓународно признавање на направеното и поткрената јавност. Има и продолжение на сите напори наречено Дрим . Имаше и име многу.И видливо и невидливо.Но ,какво и да поддржано или критикувано се тоа само за Езерото.
Од друга страна не е сеуште стигнато до решение за Сатеска, ни до реконструкција на колекторскиот систем и негово довршување, не е сеуште стигнато до решение за управување со цврстиот отпад ,не е сеуште врежана индивидуалната свест. Стравувањата исто така висат , најмногу од неконтролираната урбанистичка експанзија и управувањето со рибниот фонд. Се е тоа дел од сегашноста и иднината.
И нема потреба од долги текстови.Има потреба само од порака. Езерото јасно е веќе дека нема да го спасат епитетите дека е прекрасно,дека е најубаво ,бисерно…..Напротив ,самобендисаноста може да загрози се. Потребни се активности на сите нивоа и локално и државно и граѓанско и стручно и научно па и меѓународно . Нешто од отпочнатото да продолжи ,нешто да отпочне да се прави.
Денот е за општините на брегот на езерото, Денот е за граѓаните и сите добронамерници . Може да успееме како генерација , не неможе да не успееме затоа што се е веќе започнато .Штом почнало нема враќање назад напротив може само напред. А напред се идините генерации кои ќе имаат две реченици пред себе. Или “Беше еднаш едно Езеро” или “Ова е нашето сочувано Езеро”. Јас сум за втората реченица и за вечноста на Денот на Охридското Езеро.
Дејан Пановски , Билатерален Секретаријат за Охридско Езеро
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.









